Виагра за жени?
дата: 29-09-2008 @ 00:00:00 EEST рубрика: об-зор на
Мажите имаат Виагра и други слични таблети, но женски лек за зголемување на потенцијата сеуште нема. Според фактот дека многу жени се борат со недостаток од желба за секс, тим од американски научници (најверојатно претежно жени) прават истражувања за пронаоѓање на женска Виагра. Rapid Medical Research во американскиот Кливленд на жените им тестира можеби чудесен лек, именуван како Libi-Gel. Либи гелот е прозирен тестостеронски гел, кој пациентките секој ден мора да го мачкаат на рацете. Прилично интересен начин за користење на лекот за побудување на половата желба, зарем не?
Др. Wulf Utian, кој е главен на ова истражување, тврди дека гелот е наменет за секоја жена, која некогаш имала полова желба, која со тек на годините и се намалила.
Намалувањето на желбата за секс е поврзана со менопаузата. Утиан ве?е собрал мала војска од жени, кои доброволно го тестираат лекот. Сите се постари и имаат проблеми со опаѓањето на половата желба. Тие во наредната половина година редовно ?е се мачкаат со магичната "помада".
Либи гелот по функција е многу сличен како тестостеронскиот фластер, кој ве?е се докажал како корисен за будење на женската полова желба. Дали гелот ?е профункционира, ?е дознаеме за половина година.
от: http://strumica-online.com :)
|
|